MK | EN









 
    
Google

ucilisen vesnikbanerce1

kompletna



Дали Ви се допаѓа програмата на САБА



.:: САБА Скопје има потреба од професори по следниве предмети: англиски јазик, италијански јазик, туристичка географија и информатика::. .::САБА Битола има потреба од професори по македонски јазик, математика, историја, вовед во право и физичко::.

ЗА НАС

НАША МИСИЈА:

САБА им овозможува на сите ученици да стекнат знаења, способности и самопочитување. Наша главна цел е да ја унапредиме способноста за комуникација на учениците, да ги поттикнеме ефикасно да ги решаваат проблемите и ефективно да размислуваат, со цел да го подобрат квалитетот на животот и да дадат свој придонес во општеството.

НИЕ ВО САБА:

•  Сите ги прифаќаме со почитување
•  Сами преземаме одговорност за сопственото знаење
•  Се однесуваме како одговорни граѓани

САБАе основано е според најсовремените американски училишни стандарди, поставени во едно од најстарите средни училишта во САД, Bassick Academy of Finance, во државата Конектикат.

САБА е првото приватно стручно училиште во Македонија

САБА е твојот влез во бизнисот, економијата, маркетингот, правото, информатиката, туризмот, спортот.

Во САБА:

•  Нема професори, има координатори.
•  Нема 36 ученици во клас, има 10 во група.
•  Нема здодевни предавања, има заеднички истражувања.
•  Нема класични испрашувања има современи тестирања.

Во САБАти одлучуваш што сакаш да учиш

Во САБАти ги креираш предавањата

•  А предавањата се состојат од:

истражувања, дебати, анализи, анкети, посета на институции, размена на идеи, практични задачи...

Во САБАчасовите се забава.

•  А часовите се одвиваат во:

најсовремени училишни услови, како и во банки, штедилници, берза на хартии од вредност, единици на локалната самоуправа, државни органи, судови, адвокатски, нотарски канцеларии, канцеларии на извршители.

Во САБАти си рамноправен учесник во наставата со координаторите (професорите)

•  А координаторите се тука за да:

насочуваат, поттикнуваат, да ги откријат твоите способности, да ја истакнат твојата надареност, да ја развиваат твојата индивидуалност.

 

Air Purifiersпосетител
Copyright © 2007 SABA. All Rights Reserved. Design by sokolov