ПРОГРАМА
Основни организациски основи на наставата:
Се определени со курикулумот на САБА- Средношколска Академија за Бизнис и Администрација и е предметно кредитен систем Обем на потребно наставно време:
учебни години: 4
вкупно број на кредити: 25
Задолжителни општообразовни предмети
Изборни предмети
за бизнис насока - 8 кредити
за административна насока - 8 кредити
за информатичка насока - 8 кредити
за спортска насока - 8 кредити
за хотелско-туристичка насока - 8 кредити
Задолжителни социјални активности - 2 кредитa
Вкупно: минимум 25 кредити
Задолжителни активности без кои не може да се добие диплома:
Хуманитарни активности, еколошки акции Минимум кредити за секоја година:
I- ва - 6 кредити
II- ра - 6 кредити
III- та - 6 кредити
IV- та - 7 кредити
Напомена: Предметите кои имаат 0,5 кредити се изучуваат семестрално.
Организација на времето
- Целогодишна организација (континуиран распоред)
Наставата се изведува континуирано секој работен ден. Со Статутот на училиштето се утврдени кои денови се неработни и од кога започнува и до кога трае зимскиот и летниот распуст.
- Периодична организација: периодично се организираат ескурзии, посета на музеи, институции, театри, спортски манифестации
Учениците по завршувањето на четирите години ќе полагаат завршен испит со кој се стекнуваат со диплома за: бизнис асистент, административен асистент, асистент по информатика, асистент по туризам или асистент по кинезиологија.
Завршниот испит ќе се состои од содржини кои се изучуваат најмалку 2 години.
Наставен план
|
I година |
II година |
III година |
IV година |
кредити |
| Македонски јазик |
1 |
1 |
1 |
1 |
4 |
| Англиски јазик |
1 |
1 |
1 |
1 |
4 |
| Математика |
1 |
1 |
|
|
2 |
| Општествени науки |
1 |
1 |
1 |
|
3 |
| Физичко образование |
0,5 |
0,5 |
0,5 |
0,5 |
|
| Изборни предмети |
|
|
|
|
8 |
| Социјални активности |
0,5 |
0,5 |
0,5 |
0,5 |
2 |
| Вкупно |
6 |
6 |
6 |
7 |
25 |
Напомена: Изборните 8 предмети може да се распоредуваат по желба во било која година.
|