ДОБРЕДОЈДЕ
ОБРАЗОВАНИЕТО Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД НАСТАВНА ПРОГРАМА
Наша цел е да создадеме позитивна средина која ќе ги промовира и истакнува постигнувањата на учениците. Наставата ќе се одвива во мали групи, во кои секој ученик ќе има можности да се стекне со поголемо лично образование. Учениците ќе учествуваат во строга академска програма која ќе ги подготви за повисоко образование, а истовремено и ќе ги внесе во деловниот свет преку разни изборни и волонтерски активности. На сите ученици ќе им овозможиме образование со висок квалитет за да бидеме сигурни дека нашите матуранти ќе бидат добро подготвени и успешни во нивните професионални ангажмани насочени кон развојот и напредокот на Р. Македонија.
Целта на Академијата е да им помогне на учениците да ги истакнат своите академски способности на соодветно ниво и да се изразуваат со прецизна писменост.
Учениците во III-та и од IV-та година ќе се фокусираат на подготовка за пост-средношколски успех. Тие ќе одбираат предмети и ќе го развиваат своето знаење поврзано со кариерата што ја одбрале. Учениците почнуваат да демонстрираат учење насочено кон себе.
Академијата ќе им даде можности за развој на лидерски способности во рамките на училиштето и во деловната заедница. Оваа Академија е научна заедница која е дизајнирана на начин што ги поддржува достигнувањата на учениците во сите предмети.
Во центарот на нашата програма е постојано партнерство со локалната бизнис заедница. Имаме одличен деловен однос со бројни истакнати фирми во нашата средина. Преку нив ќе им овозможуваме на нашите ученици и на нашиот персонал да ги доживеат и сфатат работните искуства од "реалниот живот" и да ги внесат во реализацијата на училишната програма.
На тој начин ќе ги поврземе сите наставни предмети со бизнисот и со професионалните организации, со што ќе му дадеме значење на "вистинскиот живот" во сите области на изучување. Тоа ќе им дава на учениците целосно нова перспектива во учењето и ќе им овозможува да ги развиваат клучните способности што ќе ги подготват за професионалниот и за секојдневниот живот.
Цврсто сме решени да им обезбедиме на нашите ученици знаење и способности кои што ќе ги подготват за животот. Работодавачите бараат млади луѓе кои знаат убаво да се претстават себе си, одговорни, прецизни со навремено извршување на задачите. Учениците мора да имаат добри комуникациски способности, да умеат да ги решаваат проблемите и да преземаат иницијатива.
Етиката ја сметаме за најважна и ќе ја поттикнуваме не само преку училишната програма, туку и со начинот на кој го водиме нашето училиште. За таа цел воведуваме формална програма и процедури на проект- менеџмент, за да бидеме сигурни дека развојот на училиштето ќе оди во чекор со стратешкиот поглед на иднината.
Воведуваме индивидуално учење, за да бидеме сигурни дека вистински ги подготвуваме нашите ученици да бидат одговорни и успешни граѓани на иднината. Ќе ги охрабруваме учениците да го развиваат својот целосен потенцијал и ќе ги поттикнуваме да преземаат иницијатива, да развиваат идеи и да преземаат ризици со цел својот сон да го направат реалност.
На тој начин ќе им им обезбедиме на учениците солидна основа, која потоа ќе можат да ја надградуваат за да постигнат голем успех во иднина. Сигурни сме, дека секој ученик ќе излезе од училиштето целосно подготвен со сите потребни способности за успешно вработување или за продолжување на образованието на повисоко ниво.
Ги подготвуваме младите на интелектуална и академска ригорозност што е неопходна за натамошното образование, но, исто така, и за барањата на деловниот свет. Нашата цел е да всадиме во секој ученик силно чувство на етика, способност за решавање на проблемите, стратегии за градење на консензус, дух за тимска работа, работна етика, чувство на самодоверба и критичко размислување.
Образовниот програм во САБА е достапен на ученици со различни способности, интереси и цели. Со цел да се обезбеди таква програма, на учениците им нудиме едноставен курикулум, при што секој ученик сам одбира што сака да учи, во консултација со координатори што ги проценуваат способностите, интересите и афинитетите на секој ученик одделно.
Директор
Маргарита Неновска
|